Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше на Меѓународниот детски фестивал “Цветови”, кој го одржа на празникот Свети Еремија. Во својот говор, Ѓорѓиевски нагласи дека фолклорот е не само богатство, туку и душа на Македонија и Македонците, преку која се негуваат традициите и се зачувува наследството.

„Преку фолклорот ги продолжуваме нашите обичаи, го чуваме нашето наследство и го споделуваме со светот. Секој настап, секоја песна и носија се сведочат за нашата македонска приказна“, изјави Ѓорѓиевски. Тој истакна дека културниот и духовен белег на општината е манастирот, каде што се одржува фестивалот, и ја нагласи важноста на религијата како основа на хуманоста и човечноста.

Градоначалникот исто така упати благодарност до локалната заедница која со љубов и посветеност го одржува манастирот, како и до организаторите на фестивалот, ансамблот „Никола Јонков Вапцаров“. Според него, фестивалот е симбол на пријателство и спој на традицијата и иднината, со пораки за единство и мир.

Ѓорѓиевски посочи дека Општина Кисела Вода ја поддржала и иницијативата за поставување на Крстот во близина на манастирот, што го симболизираат надежта, силата и вербата.
„Да живее Македонија!“, заврши својот текст Ѓорѓиевски, со апел за зачувување на традициите и културното наследство за идните генерации.