Голем дел од скопјани утре, среда (14 мај 2025), ќе се соочат со планирани и непланирани прекини на електричната енергија, информираат надлежните.
Во населба Аеродром ќе има непланиран прекин, но засега нема детали за времетраењето и точната локација.
Во Карпош, струја ќе нема од 09:00 до 12:00 часот, на улицата Иван Аговски, зградата број 10, влез 1.
Најдолгиот прекин е најавен за Кисела Вода – од 09:00 до 15:00 часот, и тоа на улиците Јабланица, Саса, како и населбата Пинтија.
Граѓаните се советуваат да ги земат предвид овие информации при своето секојдневно планирање.