На улицата „Неџат Аголи“ во општина Чаир започнаа градежните активности за поставување на нова водоводна мрежа, откако претходно беше завршена инсталацијата на новата фекална канализација. Во моментов се изведува стружење на постоечкиот асфалт, што претставува подготовка за следната фаза од проектот.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, денеска на терен одблиску го следеше текот на работите и истакна дека проектот има големо значење за жителите на оваа населба, бидејќи ќе обезбеди функционален канализациски систем и стабилно снабдување со вода за пиење за повеќе од 50 домаќинства.

По завршувањето на сите подземни работи, ќе следува финално асфалтирање на улицата.
Оваа инвестиција е дел од пошироката програма на Општина Чаир за модернизација на јавната инфраструктура и унапредување на животниот стандард на граѓаните. Ганиу посочи дека Чаир секојдневно се менува преку реализација на конкретни проекти и одговорна институционална работа.