„Општина Битола е на врвот во делот на транспарентноста според анализи на граѓанскиот сектор кој ги проверувал и анализирал овие податоци. На многу наврати сме биле на врвот на таа листа во делот на транспарентноста и буџетското работење. Нема дилеми дека ништо не е скриено, ништо ниту може, ниту треба да се скрие и во навистина во делот на транспарентноста сме во врвот на општините“ одговори градоначалникот Коњановски на шпекулациите поврзани со нетранспарентното и неодговорното финансиско работење на дел од јавните претпријатија на Битола.
Во изминатата година, Општина Битола беше прогласена за најтранспарентна општина во рамките на Република Македонија.