ПРВ.мк

Димитриеска-Кочоска: Македонија е сигурна дестинација за германски инвестиции

Димитриеска-Кочоска: Македонија е сигурна дестинација за германски инвестиции

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Генералното собрание на Македонско-германското стопанско здружение упати јасна порака дека Владата обезбедува стабилна и предвидлива бизнис-клима за странските инвеститори.

Таа нагласи дека на инвеститорите им се гарантира макроекономска стабилност, сигурност во реализацијата на нивните инвестициски планови и партнерски однос со институциите.

„Економијата и постигнувањето повисоки стапки на економски раст се врвен приоритет на Владата. Во таа насока, Германија како наш најзначаен трговски партнер, и германските инвеститори, имаат исклучително важна улога“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Министерката потенцираше дека инвеститорите веќе ги препознаваат реформите и политиките што се спроведуваат, што претставува дополнителен сигнал дека Македонија е сигурна и атрактивна дестинација за нови инвестиции.

Vero
Agria