„Битола како ниеден град во Македонија, има три професионални тимови кои се натпреваруваат во ПФЛ.
Фудбалскиот клуб Пелистер, Еурофарм Пелистер во ракометот, со кој имаме одлична спортска агенда со Еурофарм, а во делот на кошарката истотака се натпреваруваме во првата лига. Во ЛШ скоро имавме ракометни натпревар, а го очекуваме Вардар наредното коло.“ вели Коњановски, кој се гордее со успесите на градските клубови и ја потенцира поддршката и на општината кон нив. Тој дополни дека од неодамна Битола има и прволигаш во женската одбојка.
„Не знам друг град во Македонија кој има четири прволигаши“ заокружи таткото на Битола на емисијата „Заспиј ако можеш“ кај Драган Милосавлевиќ.