Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во средата околу 21 часот и 30 минути во областа Ѓаково во Хрватска. Хрватската полиција утрово ги соопшти деталите за страшната трагедија.
– На Државниот пат бр.515, помеѓу населените места Сатница Ѓаковачка и Потњани, на 16 април во 21 часот и 35 минути се случила сообраќајна незгода во која загинале три лица, а две лица се здобиле со полесни повреди.
44-годишниот возач управувал автомобил и се движел од правец на Сатница Ѓаковачка кон Потњани. По благо вртење надесно и излегување од кривината, возачот изгубил контрола, по што нагло свртел лево, при што возилото се излизгало странично и се префрлило на левата коловозна лента наменета за сообраќај од спротивната страна.
Во тој момент во неговото возило удрил автомобил управуван од 36-годишен маж, кој се движел од спротивна насока.
Децата на возраст од 10 и 8 години, кои биле на задното седиште во автомобилот, починале на местото на настанот, додека 44-годишниот возач починал на пат кон болница.
Со полесни повреди се здобиле 36-годишниот возач и 34-годишниот сопатник во другиот автомобил.