ПРВ.мк
Скопје

(ФОТО) БРУТАЛЕН НАПАД ОД ГЛУТНИЦА КУЧИЊА: Ултра маратонка искасапена од кучиња во Скопје - инфективна клиника не дава тетанус!

(ФОТО) БРУТАЛЕН НАПАД ОД ГЛУТНИЦА КУЧИЊА: Ултра маратонка искасапена од кучиња во Скопје - инфективна клиника не дава тетанус!
Kristal

Неколку скопјани минатата недела биле нападнати од глутници кучиња на кејот на реката Вардар, а најтешко минала ултрамаратонката Сања Николовска-Најдовски. Таа била нападната на 3 февруари додека тренирала – десетина кучиња трчале по неа и ја искасале на двете нозе.

„Околу 500 метри пред ‘Александар палас’ на кејот се симнуваат 5–6 кучиња и лаат. Пробував да ги избркам со викање, но не успеав. Потоа се спуштија уште десетина кучиња и едно ме гризна. Трчав назад и викав да престанат да ме касаат. Бев искината на хеланките, со отисоци од заби на двете нозе. Викнав полиција и отидов во Градската болница ‘8 Септември’ каде примив тетанус, бидејќи на Инфективна немаше. Добив антибиотици, преврски, а останаа страв и лузни“, раскажува Николовска-Најдовски.

На 7 февруари, 44-годишен скопјанец бил нападнат од големо агресивно куче додека трчал на кејот. Го каснало кај подколеницата и го префрлиле во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, а потоа требало да добие тетанус на Инфективна. Таму му рекле дека залихите се потрошени и дека сами треба да купи вакцина од аптека, што го чинело 1.050 денари.

Директорот на Инфективна клиника, Фадил Цана, објаснува дека антитетанична профилакса имаат само за хоспитализирани пациенти на клиниката и дека терцијарното здравство нема надлежност за национална достапност на тетанус вакцина.

Од Министерството за внатрешни работи редовно пристигнуваат пријави за искасани граѓани, но проблемот со кучињата не се решава. ЈП „Лајка“ укажува дека кучиња се довезуваат со комбиња од други градови, што го комплицира справувањето со проблемот.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека проблемот ќе се решава преку камерите на „Безбеден град“ и дека годинава се предвидени 30 милиони денари за проширување на капацитетите на „Лајка“. Тој очекува до крајот на годината да има конкретни резултати во контрола на глутниците и заштита на граѓаните.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo