Од денес, 1 ноември 2025 година, Жичницата на Водно преминува на зимско работно време, кое ќе трае до 1 март, информираат од ЈСП Скопје.
Во овој период, жичницата ќе работи секој ден од 10 до 17 часот. Последното возење нагоре ќе биде меѓу 16:00 и 16:30 часот, а последното возење надолу во 16:45 часот.
Како и досега, жичницата нема да работи секој понеделник и последниот вторник во месецот, поради редовен сервис и технички проверки.
















