Од ЕВН Македонија информираат дека утре ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови од Скопје, поради зафати во електродистрибутивната мрежа.
Во периодот од 05:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од целата индустриска зона на булеварот „Борис Трајковски“, на потегот од Пинтија до Драчево.
Покрај тоа, во истиот временски интервал се најавуваат и краткотрајни прекини во повеќе улици, меѓу кои: „Јустинијан Први“, „Драчевска“, „Малешевска“, „Бранко Заревски“, „Антон Димитров“, „Славка Димкова“, „Иван Аџиниколов“, „Сердарот“, „Герника“, „Киро Фетак“, „Ризо Ризов“, „Јанко Мишиќ“, „Живко Фирфор“, „Ратко Митровиќ“, „Речиште“, „Илија Ристовски“, „Корџевска“, „Домазетовска“, „Иван Тургењев“, „Коперникова“, „Волтерова“ и „Гутенбергова“.
Од компанијата апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности и да имаат разбирање за неопходните технички интервенции.










