ПРВ.мк
Скопје

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Полицијата пукаше во воздух за да спречи толпа која попречувала апсење!

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Полицијата пукаше во воздух за да спречи толпа која попречувала апсење!

Во скопската населба Чаир вчера околу 18:45 часот се случил сериозен инцидент за време на полициска акција за приведување на лице кое било барано поради сомнение за сторено кривично дело.

Според информациите, тројца полициски службеници извршувале службени дејствија кога биле попречени од група од околу десетина лица, кои не дозволувале да продолжи постапката за приведување.

И покрај дадените полициски наредби, присутните не се повлекувале и продолжиле да се спротивставуваат на службеното дејствување, поради што ситуацијата ескалирала.

Во обид да ја контролираат ситуацијата и да спречат понатамошно влошување на инцидентот, полициските службеници испукале предупредувачки куршуми во воздух.

Од надлежните институции е потврдено дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, вклучително и утврдување на улогата на сите вклучени лица и околностите под кои дошло до спречување на полициската акција.