СВР Тетово поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Скопје, А.Ј., под сомнение дека сторила продолжено кривично дело измама преку лажно прикажување на понуди за изнајмување станови.
Според истрагата, во текот на 2025 и 2026 година, осомничената преку профил на социјалната мрежа Фејсбук објавувала лажни огласи во кои тврдела дека располага со станови за издавање под кирија. На тој начин довела во заблуда четири лица од Тетово, од кои примала пари како капар за наводно изнајмување на становите.
По добивањето на парите, ветените станови никогаш не биле обезбедени, ниту ставени на располагање на оштетените лица.
Со оваа шема, според полицијата, таа се стекнала со противправна имотна корист во вкупен износ од 45.900 денари.
Случајот е поднесен до надлежното обвинителство, а постапката за утврдување на сите околности продолжува.










