Продолжуваат теренските активности за поставување на заштитна еластична ограда, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. Денес работите се реализираат на патниот правец кон Михајлово, каде се преземаат конкретни чекори за подобрување на условите за возење и намалување на ризиците од сообраќајни незгоди.
Проектот се спроведува во соработка со ЈПДП, од каде што оградата е обезбедена како донација, додека Општина Кавадарци е задолжена за нејзината монтажа.
Во реализацијата се вклучени и Територијалната противпожарна единица Кавадарци, како и Ј.П. Комуналец Кавадарци, кои заеднички работат на поставување на оградата и обезбедување побезбедна патна инфраструктура.
Со ваквите активности се очекува значително подобрување на безбедноста на овој патен правец, особено на делниците кои се сметаат за поризични за учесниците во сообраќајот.










