По подолг период на запоставеност, просторот на улица „Слога“ конечно ќе добие целосно нов изглед и ќе прерасне во уредено и пријатно зелено катче за жителите.

Според најавите, предвидено е хортикултурно и партерно уредување, со што просторот ќе биде збогатен со зеленило, пешачки површини и соодветна урбана опрема. Целта е да се создаде функционално и естетски уредено место кое ќе понуди услови за одмор и секојдневна релаксација.

Со реализацијата на овој проект, жителите од овој дел на Кавадарци за кратко време ќе добијат нов простор каде ќе можат да поминуваат време на отворено, во пријатна и уредена средина.
Иницијативата е дел од напорите за подобрување на урбаниот изглед на градот и создавање повеќе зелени површини, со што Кавадарци постепено добива поубав и поеколошки лик.










