ПРВ.мк
Скопје

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Без вода дел од корисниците на овие скопски општини - ова е причината!

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Без вода дел од корисниците на овие скопски општини - ова е причината!

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека денес ќе има прекини во водоснабдувањето во неколку делови од градот поради улични дефекти на водоводната мрежа.

Без вода ќе останат корисниците од Круѓопек и Лака во општина Сарај, поради дефект на водоводна цевка на улица 1 бб. Водоснабдувањето таму ќе биде прекинато од 10 часот до завршување на санацијата.

Прекин е најавен и во дел од општина Центар, поради дефект на улица „Благој Деспотовски-Шовељ“ бр. 23. Од 10 часот без вода ќе бидат корисниците од улица „Цицо Поповиќ“ и дел од улица „Никола Карев“, сè додека не се отстрани проблемот.

Од претпријатието информираат дека нивните екипи се на терен и работат на што побрзо санирање на дефектите и нормализирање на водоснабдувањето.