Товарно возило „Ман“ се запалило во скопското село Крушопек
Ноќеска, во 00:40 часот на 08.11.2025, во двор на фирма во село Крушопек, скопско, избувнал пожар во транспортно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирмата.
Пожарот бил брзо изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а за среќа нема пријавено повредени лица.
Во текот на денешниот ден ќе се изврши увид за да се утврдат причините за пожарот.
















