ПРВ.мк
Топ Вести

Тајната романса во Зоолошката: Зазу и Плаза

Тајната романса во Зоолошката: Зазу и Плаза
Kristal

Во скопската Зоолошка градина се појави нова симпатична љубовна приказна – папагалите Ара, Зазу и Плаза, кои сега се официјално вљубен пар.

Од Зоолошката соопштија дека овие папагали биле миленици на вработените уште од нивното доаѓање, поминувајќи време во административните простории каде се дружеле со персоналот. Со текот на времето, тие биле споени за да се создаде заљубен пар, кој сега ужива во заедничкиот живот.

Летото го поминале во новата волиера во Бејби ЗОО, а неодамна тимот на ЗОО Скопје им обезбедил ново живеалиште по највисоки стандарди, изработено од природни материјали и доволно големо и интимно за нивна благосостојба.

Овој пар е вистинска атракција за посетителите, а вработените посочуваат дека уживаат во нивната дружба и енергија, создавајќи весела и топла атмосфера во градината.

Escape