Според истражување објавено во научното списание The Royal Society, нашите четириножни пријатели исто така тешко заспиваат кога имаат проблеми.
Во експериментот биле вклучени 16 кучиња кои поминале или „добар ден“ или „лош ден“. Добриот ден вклучувал мажење и играње со фрлање топче, додека лошиот ден значел кратка разделба од сопственикот или врзување за врата. Истражувачите ја следеле активноста на нивните мозочни бранови и откриле дека по тричасовна дремка, кучињата под стрес имале полош сон.
Дополнително, тие што биле под стрес се буделе порано од посмирените. Интересно е што истражувањето покажало дека токму кучињата под стрес заспивале побрзо од смирените – што научниците го објаснуваат како „сон предизвикан од стрес“.
















