Во белградскиот „Сава центар“ вчеравечер се одржа концерт посветен на легендарниот српски пејач Тома Здравковиќ, по повод 35-годишнината од неговата смрт.
На сцената неговите безвременски песни ги изведоа голем број познати пејачи, меѓу кои Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба, Дарко Лазиќ, Бане Мојиќевиќ и други музички имиња.
Сепак, најемотивниот момент од целата вечер го доживеа вдовицата на Тома, Гордана Здравковиќ.
Таа седеше во првиот ред и внимателно го следеше концертот, исполнет со песните на нејзиниот покоен сопруг. Емоциите особено ја совладале во моментот кога Дарко Лазиќ и Драган Којиќ Кеба слегле од сцената и дошле пред неа, продолжувајќи да ги пеат песните на Тома.
Гордана не успеала да ги сокрие солзите. Во неколку моменти го покривала лицето со рацете, обидувајќи се да ја скрие силната емотивна реакција.
Нејзината реакција покажала колку силни спомени и чувства кај неа сè уште будат песните на Тома, дури и 35 години по неговото заминување.
Концертот во „Сава центар“ поминал во знакот на неговото музичко наследство, а публиката имала можност повторно да ги слушне познатите песни со кои Тома Здравковиќ остави трага во музиката на Балканот.
Особено емотивните моменти со неговата вдовица беа забележани и на видео, а снимките од концертот покажуваат како Гордана ги доживува изведбите на песните на својот сопруг.







