ПРВ.мк
Сцена

НОВ УДАР ЗА БРЕД ПИТ: Ќерката Захара јавно се откажа од неговото презиме!

НОВ УДАР ЗА БРЕД ПИТ: Ќерката Захара јавно се откажа од неговото презиме!

Ќерката на холивудските ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит, Захара Џоли, повторно го привлече вниманието на јавноста со потег што многумина го толкуваат како јасна дистанца од нејзиниот татко.

Дваесет и едногодишната Захара ги заврши студиите по психологија на престижниот Спелман колеџ во Атланта, а токму моментот на доделувањето на дипломата предизвика лавина реакции на социјалните мрежи и во медиумите.

Иако во официјалната програма за церемонијата била заведена како Захара Марли Џоли-Пит, за време на излегувањето на сцената нејзиното име било прочитано само како Захара Марли Џоли.

Со тоа, шпекулациите дека таа постепено се откажува од презимето Пит добија дополнителна тежина. Ова не е првпат Захара јавно да го користи само презимето на мајка ѝ. Уште во 2023 година, кога се приклучи на женското студентско здружение „Алфа Капа Алфа“, таа се претстави како Захара Марли Џоли.

На церемонијата силна поддршка ѝ дала нејзината мајка Анџелина Џоли, со која Захара често јавно зборува за блиската врска што ја имаат.

Во едно свое неодамнешно обраќање, Захара откри емотивни детали за нивниот однос, нарекувајќи ја нивната поврзаност „пронајдена љубов“. Таа потсети дека била посвоена кога имала само шест месеци и нагласи дека токму Анџелина ја научила на вредности како љубезност, грижа за другите и личен развој.

„Таа е најнесебичната, најгрижливата и најразумната жена што ја познавам“, изјавила Захара за својата мајка.

Од своја страна, и Анџелина Џоли во повеќе наврати зборувала со огромна гордост за својата ќерка. Во интервју за Time во 2020 година, актерката изјави дека многу научила од Захара и ја пофали нејзината силна поврзаност со африканските корени и културата.

Покрај Захара, поранешниот холивудски пар има уште пет деца – близнаците Вивиен Џоли и Нокс Џоли, ќерката Шајло Џоли, како и синовите Пакс Џоли и Медокс Џоли.

Во јавноста веќе подолго време се шпекулира дека односите меѓу Бред Пит и дел од неговите деца се сериозно нарушени по разводот со Анџелина Џоли, а најновиот потег на Захара само дополнително ги разгоре тие приказни.

Најнови вести