ПРВ.мк
Сцена

Дино Мерлин конечно ја откри вистината за љубовта со Амела и депресијата што го уништувала

Дино Мерлин конечно ја откри вистината за љубовта со Амела и депресијата што го уништувала
Escape

Пејачот Дино Мерлин по децении молчење ја отвори душата пред публиката, откривајќи ја вистинската приказна зад песната „Први плес“, напишана за неговата сопруга Амела. Како млад пар, тие морале да побегнат од пречките што другите ги поставувале пред нивната љубов, без пари за свадба и без прв танц. „Со години ме печеше совеста“, призна Мерлин, откривајќи дека сакал да ѝ приреди нова свадба во подоцнежни години, но таа одбила – и наместо тоа, добила песна.

Во емотивното сведочење, Мерлин зборува и за најмрачниот период од својот живот – кога западнал во тешка депресија. „Не ме интересираше ништо – ни животот, ни смртта. Бев како растение“, изјави тој, откривајќи дека бил на работ да се откаже од музиката, но некое чудо го спасило.

По закрепнувањето, продолжи со настапи и го издаде новиот албум, потврдувајќи дека музиката и љубовта повторно го подигнале.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo