ПРВ.мк
Сцена

Лепа Брена ужива кралски: Пејачката го покажа луксузот на својата јахта по спектакуларните концерти

Лепа Брена ужива кралски: Пејачката го покажа луксузот на својата јахта по спектакуларните концерти
Kristal

Лепа Брена повторно покажа зошто важи за една од најголемите балкански ѕвезди – не само на сцена, туку и во приватниот живот. По двата распродадени концерти на хрватскиот остров Крк, каде што публиката ја пречека со воодушевување, пејачката реши да си подари моменти на вистински луксуз.

На својот Инстаграм профил, Брена сподели фотографија од јахта, на која позира опуштена, насмеана и во одлично издание. Со елегантен костим за капење, стилски очила за сонце и морска позадина, пејачката зрачи со самодоверба и уживање.

Во позадина ја пушти и својата хит-песна „Перице, моја мерице“, со што само ја надополни летната атмосфера која владее на палубата.

Според српскиот „Информер“, Брена за двете вечери на Крк инкасирала околу 80.000 евра, а по напорниот ангажман, одлучила да се релаксира на јадранските бранови со своите најблиски пријатели.

Нејзината јахта, како и секогаш, е симбол на стил и елеганција, а Брена уште еднаш покажа дека знае како да ужива – заслужено и со стил.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo