Во текот на вчерашниот ден јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола, успешно реализира значаен технички зафат, како дел од активностите за унапредување на водоснабдувањето во градот.

Во рамки на интервенцијата беа заменети пет овални затворачи со димензии Ф 300 и Ф 200, со што се подобрува ефикасноста и сигурноста на водоводната мрежа.

Овие активности се дел од континуираните напори за подобрување на водоводната инфраструктура, обезбедување стабилно и квалитетно водоснабдување и подобрување на услугите за нашите корисници, велат од јавното претпријатие.
