ПРВ.мк

Илиевски: Радиовце добива нов лик – асфалтирана улица и современ спортски терен

Илиевски: Радиовце добива нов лик – асфалтирана улица и современ спортски терен
Jumbo Banner

Општина Брвеница продолжува со интензивната градежна офанзива за подобрување на локалната инфраструктура. Селото Радиовце деновиве доби две значајни инвестиции – целосно асфалтирана улица и ново спортско игралиште со вештачка трева.

Улицата „Џамија-Вардар“ во Радиовце, во должина од 458 метри, е веќе целосно асфалтирана, со вкупна вредност на проектот од 4.903.398 денари. Со ова, се олеснува секојдневното движење на жителите и се зголемува безбедноста во сообраќајот.

Дополнително, жителите на Радиовце добија и ново современо фудбалско игралиште, изградено со најсовремена вештачка трева. Проектот е реализиран со средства од буџетот на општината, во рамките на иницијативата „Секое населено место со модерно фудбалско игралиште“.

Градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, истакна дека вложувањата во инфраструктурата не запираат:

„Ние ќе продолжиме да ја градиме нашата Општина како модерно и урбано место за живеење. Радиовце е само дел од поширокиот план за реконструкција и изградба на нови улици, тротоари и спортски објекти во сите населени места.“

Со ваквите чекори, Општина Брвеница покажува јасна определба кон подобрување на животниот стандард и условите за сите свои жители.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран