Сè поголем број граѓани на Тетово се жалат на напади од кучиња скитници, а податоците се алармантни – само до 20 мај годинава, 14 лица пријавиле каснување во СВР Тетово. Минатата година биле регистрирани дури 54 случаи, а во 2023 – дури 65.
Ветеринарот Ане Апостоловски предупредува дека во Тетово во моментов се проценува дека има помеѓу 700 и 1.000 кучиња скитници, кои претставуваат постојана закана по безбедноста на граѓаните.
Во 2024 година биле третирани 204 кучиња – 164 повторно пуштени на улица, а само 40 згрижени од граѓани. Во јуни истекува договорот на прифатилиштето со Општина Тетово, но засега нема информации колку пари се потрошени за справување со овој проблем.
Граѓаните бараат итни мерки и конкретни решенија пред бројката на нападнати да продолжи да расте.