Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес беше на терен каде што ја следеше реализацијата на тековниот инфраструктурен проект, истакнувајќи дека приоритет на Општината е обезбедување на трајни и ефикасни решенија за граѓаните.
„Секогаш инсистирам да зборуваме за решенијата, бидејќи граѓаните не заслужуваат само објаснувања за проблемите – туку конкретни и видливи резултати од реализацијата на инвестициите,“ рече Коњановски, додавајќи дека иако Општината не е директен финансиер на проектот, како краен корисник има обврска да бара висок квалитет на изведба, без да се оптоварува општинскиот буџет.

Во моментов, на терен се вршат лабораториски испитувања на асфалтот, со цел да се утврди дали се исполнети стандардите, особено со оглед на тоа што улицата ќе биде користена од тешки товарни возила. Градоначалникот потенцираше дека Општина Битола има јасна цел – да изгради инфраструктура што ќе трае и ќе им служи на граѓаните во долг рок.
„Од секоја идентификувана слабост мора да извлечеме поука и да поставиме повисоки стандарди за секој нареден проект. Со тоа не само што ќе спроведеме решенија, туку и ќе спречиме повторување на вакви проблеми на други локации,“ додаде Коњановски.

Со своето редовно присуство на терен и следење на изведбата, Коњановски испраќа порака дека транспарентноста, одговорноста и квалитетот се водечки принципи во работењето на локалната самоуправа.