ПРВ.мк

ПЕЛИСТЕРСКИОТ ВОДОПАД ЛЕСНО ДОСТАПЕН ЗА СИТЕ

ПЕЛИСТЕРСКИОТ ВОДОПАД ЛЕСНО ДОСТАПЕН ЗА СИТЕ
Jumbo Banner

„Пелистерскиот водопад од денес е лесно достапен за сите. Патеката е уредена и поставени се нови содржини за одмор и престој на крајната локација“ соопшти денеска директорот на Националниот парк „Пелистер“, Иванчо Тошевски.

Денес вработените од НП „Пелистер“ со помош на коњи и поддршка на локалното население од Нижо Поле, работеа на уредување(расчистување и маркирање) на патеката која води до една од најлесно достапните убавини на Пелистер, тоа е Пелистерскиот водопад.

Крајната локација е уредена со нови содржини за пријатен престој и одмор на сите поситители. Планинската патеката е од лесна категорија со вкупна должина од 3 км, и é лесно достапна за сите љубители на природата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран