ПРВ.мк

Ѓорѓиевски: Локалната самоуправа мора да биде клучен партнер во грижата за граѓаните

Ѓорѓиевски: Локалната самоуправа мора да биде клучен партнер во грижата за граѓаните
Jumbo Banner

Децентрализацијата на социјалните услуги беше во фокусот на денешниот состанок што се одржа во просториите на ЗЕЛС, каде се разговараше за можноста Центрите за социјална работа да преминат под надлежност на локалната самоуправа. Состанокот беше оценет како значаен чекор кон подобрување на квалитетот и достапноста на услугите за граѓаните.

На состанокот присуствуваа заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Гази Баба и претседател на Комисијата за социјални прашања при ЗЕЛС Бобан Стефковски, како и повеќе градоначалници и претставници од локалната самоуправа.

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, истакна дека децентрализацијата е клучна за создавање функционален и одржлив систем на социјални услуги што ќе одговара на реалните потреби на граѓаните.

„Локалната самоуправа е најблиску до граѓаните – затоа таа треба да има клучна улога во грижата за нив. Децентрализацијата значи побрза реакција, поголема достапност и поквалитетна грижа. Важно е да се избере модел кој е проверен и базиран на регионално искуство“, изјави Ѓорѓиевски.

Соговорниците се согласија дека е неопходна силна координација меѓу локалните и централните институции и оти трансферот на надлежности мора да биде придружен со соодветни ресурси и капацитети.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран