ПРВ.мк

Кина најави значително намалување на царините на американски производи

Кина најави значително намалување на царините на американски производи
Jumbo Banner

ПЕКИНГ – Кинеското Министерство за финансии соопшти дека од утре, точно во 12:01 часот по локално време, ќе започне примена на нов режим на царини, со кој ќе се намалат постоечките царини на американска стока на 10 проценти во првите 90 дена.

Според официјалното соопштение, Кина ќе ги намали царините од претходно воведените 34 проценти на 10 проценти, а дополнителната царинска стапка од 91 процент, воведена во двата последователни круга мерки, ќе биде укината во наредна фаза. Оваа информација ја пренесува агенцијата Ројтерс.

„Значајното намалување на билатералните царини помеѓу Кина и САД е во согласност со очекувањата на производителите и потрошувачите од двете земји и претставува позитивен чекор за економската и трговската размена меѓу Кина и САД, како и за глобалната економија“, се наведува во соопштението на министерството.

Оваа одлука доаѓа по понеделничкиот договор меѓу Вашингтон и Пекинг, со кој двете страни се обврзаа да ги намалат царинските давачки на увезени производи за 115 проценти во период од 90 дена, што се смета за дел од поширока стратегија за деескалација на трговските тензии помеѓу двете најголеми економии во светот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран