ПРВ.мк

[ФОТО] Украинците соборија руски дрон, па открија неочекувана порака

[ФОТО] Украинците соборија руски дрон, па открија неочекувана порака
Jumbo Banner

Воениот аналитичар и специјалист за радиотехнологија, Сергеј Бескреќнов, објави фотографија на својата Телеграм платформа од руски дрон со натпис „Нема да има прекин на огнот“ (на руски: peremirie ne buget).

„Луѓе кои не сакаат да заврши војната. Овој дрон денес пристигна од Русија“, напиша Бескреќнов на Телеграм, прикажувајќи ја фотографијата со пораката.

Рускиот дрон со наведениот натпис беше испратен во Украина, и тоа по време кога требаше да стапи на сила прекин на огнот. Во ноќта меѓу понеделникот и вторникот, Русија изврши нови напади врз Украина со беспилотни летала и наведувани бомби, јави Киев Индепендент.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека нападите се случиле во различни региони на Украина, вклучувајќи ги Николаев на југ, Кировоградската област во централниот дел на земјата, Виница на запад и пристаништето Одеса. Нападите, исто така, ја зафатиле и Сума, на северот на Украина, каде биле користени наведувани бомби.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран