ПРВ.мк

Општина Битола ја промовира апликацијата „Bitola City Bus“ за следење на автобуските линии

Општина Битола ја промовира апликацијата „Bitola City Bus“ за следење на автобуските линии
Jumbo Banner

Граѓаните на Битола и посетителите на градот од денес можат да ја користат новата апликација „Bitola City Bus“, која овозможува следење на моменталната состојба на автобусите на општинските линии. Апликацијата е донација од Ротари клуб Битола во вредност од 1.500.000 денари, како дел од проектот „Зелена Битола“.

Проектот вклучува инсталација на GPS уреди во автобусите, како и развој на мобилната апликација за Android и iOS, веб страна и други помошни материјали. Оваа иницијатива е дел од напорите на Општина Битола за подобрување на јавниот транспорт, намалување на загадувањето и промоција на одржливи урбани практики.

На денешниот настан за промоција, говореа бројни експерти, вклучувајќи ја и проф. д-р Јасмина Буневска од Ротари клуб Битола, која истакна значајноста на проектот за креирање на зелена и чиста средина. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изрази благодарност за донацијата и потенцираше дека оваа апликација ќе ја подобри услугата на јавниот градски превоз и ќе поттикне поголемо користење на истиот.

Ова е само еден од проектите што ја поттикнуваат дигитализацијата на услугите во општината, со што се очекува значајно олеснување на секојдневните активности за граѓаните.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран