ПРВ.мк
Република

(ВИДЕО) МИТКО ЈАНЧЕВ ОБЈАВИ: Екипите на „Комуналец“ веќе работат на патните правци кон Кожуф - бидете внимателни!

(ВИДЕО) МИТКО ЈАНЧЕВ ОБЈАВИ: Екипите на „Комуналец“ веќе работат на патните правци кон Кожуф - бидете внимателни!

Со појавата на првите снежни врнежи, зимската служба на ЈП „Комуналец“ од Кавадарци е активна и веќе интервенира на терен.

Екипите и механизацијата се ангажирани на патните правци кон планината Кожуф и Михајлово, каде што работат на навремено расчистување на снегот и создавање побезбедни услови за одвивање на сообраќајот.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, информираше дека ЈП „Комуналец“ постојано ја следи состојбата на терен и е подготвено да интервенира во зависност од временските услови.

Со почетокот на зимските врнежи, службите се во подготвеност за одржување на проодноста на патиштата кон планинските населени места.