Во текот на изминатата недела покрај редовните активности Јавното претријатие “Комуналец“ вршеше расчистување на мини депонии на повеќе локации.

Дел од малит диви депонии кои беа расчистени беа во близина на црквата “40 Маченици“ – Кркардаш, на улица “Македонски Гемиџии“, во населба “Ушици“ над населбата “Стрелиште“…

Во текот на акцијата беше собран над 400 метри кубни отпад кој потоа беше депониран во депонијата во село Мегленци.
