Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на денешниот состанок на Управниот одбор на ЗЕЛС, каде што заедно со градоначалници од поголемите општини во државата разговараше за резултатите од вонредните инспекции на објектите од јавен карактер.

„Како општина ќе продолжиме со инспекциите и во наредниот период, не само на јавните објекти, туку и на станбените згради. Ќе направиме сè што е потребно за да ги подигнеме безбедносните стандарди на највисоко можно ниво,“ истакна Коњановски.
Дополнително, тој нагласи дека недостатоците кои ќе бидат утврдени кај приватниот сектор исто така ќе бидат отстранети, бидејќи безбедноста на граѓаните нема компромис.
Инспекциите ќе продолжат и во наредниот период, а Општина Битола останува посветена на создавање сигурна и безбедна средина за сите.