ПРВ.мк

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ПАНЕЛИСТ НА ЗАВРШНИОТ НАСТАН ОД ПРОГРАМАТА „ЗАЕДНО ЗА КЛИМАТСКА АКЦИЈА“

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ПАНЕЛИСТ НА ЗАВРШНИОТ НАСТАН ОД ПРОГРАМАТА „ЗАЕДНО ЗА КЛИМАТСКА АКЦИЈА“
Vero

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје беше организатор на завршниот настан на програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ кој се одржа во хотелот Холидеј Ин во Скопје.

Во панел дискусијата на тема „ Соработката помеѓу граѓанските организации и институциите во справување со климатските предизвици“, со претставници на општини, институции и граѓански организации, говореше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Тој ја посочи одличната соработка на невладиниот сектор и општината, при заедничка реализација на голем број проекти.

„Сакам да нагласам дека климатските предизвици се глобален проблем, но сепак, имаме можност како локална самоуправа да делуваме на локално ниво. Во изминатите три и половина години, одвоивме околу 17.000.000 денари во субвенции за граѓаните, кои што се однесуваат на велосипеди, клима уреди, дограма и енергетски фасади. 10 наши училишта веќе имаат поставени функционални фотоволтаици, а на едно училиште во моментов се поставува енергетски ефикасна фасада. Се изработуваат проекти и за други 4 основни училишта, а се работи и на подобрување на системите за греење, во објекти кои што нема да бидат приклучени на Топлификација. Наскоро ќе имаме и велосипедски патеки низ градот од неколку километри“, посочи Коњановски.

На настанот беа опфатени уште две модерирани теми – Граѓанските организации како ко-креатори на климатските политики и Потребите и знаењето на локалните заедници за справување со климатските промени, со цел да се претстават заедничките постигнувања на проектите и програмата, споделување искуства од работата на Коалицијата за клима, соработката помеѓу организациите, општините, институциите на национално и локално ниво, конкретните климатски акции кои беа преземени и предизвиците и можностите за понатамошно делување во областите на заштита на животната средина и климатските промени.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран