Македонија тагува по страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа млади животи. Ова е ненадоместлива загуба што ја потресе целата држава и пошироко.
„Не постојат зборови што можат да дадат утеха, ниту нешто што може да ја надомести загубата на семејствата на загинатите. Македонија тагува, тагуваме сите ние. Во овие тешки моменти мораме да останеме силни и во име на човечноста да направиме сè за доброто на сите граѓани,“ изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
Тој изрази длабоко сочувство кон семејствата на настраданите, нагласувајќи дека Македонија никогаш нема да ги заборави овие млади души.