ПРВ.мк
Наука/Технологија

Звучи невозможно, но е медицински феномен: 60 години живеела со „камено бебе“ во телото

Звучи невозможно, но е медицински феномен: 60 години живеела со „камено бебе“ во телото

Неверојатен медицински случај од Кина и денес привлекува внимание поради неговата исклучителна реткост. 92-годишната Хуанг Џијун со децении во своето тело носела калцифицирани остатоци од фетус, состојба позната како литопедион или „камено бебе“.

Сè започнало уште во 1948 година, кога Хуанг имала 31 година и ѝ била дијагностицирана ектопична бременост. Во тоа време немала финансиски средства за потребната операција, па се вратила дома без хируршка интервенција.

Она што следувало е исклучително необично. Според објавените информации, жената во наредните децении немала сериозни болки или тегоби поради состојбата и продолжила да живее со неа.

Дури околу 60 години подоцна, во 2009 година, Хуанг повторно завршила кај лекарите.

Тогаш била извршена операција при која од нејзиното тело биле отстранети калцифицираните остатоци.

Станува збор за исклучително ретка медицинска појава наречена литопедион. Таа може да настане кога фетусот при абдоминална бременост не може да биде исфрлен или апсорбиран од организмот, па со текот на времето се калцифицира.

Во медицинската литература се опишани само неколку стотици вакви случаи, што ја прави приказната на Хуанг една од најнеобичните медицински приказни.