ПРВ.мк
Наука/Технологија

ШОКИРАЧКИ СНИМКИ ОД ВСЕЛЕНАТА: Астронаутката по летот околу Месечината се бори да оди – открива што се случува со нејзиното тело!

ШОКИРАЧКИ СНИМКИ ОД ВСЕЛЕНАТА: Астронаутката по летот околу Месечината се бори да оди – открива што се случува со нејзиното тело!

Астронаутката Кристина Кох, член на мисијата Artemis II, по враќањето од 10-дневното патување околу Месечина открила колку драматично може да се промени човечкото тело по престој во вселената.

По враќањето на Земјата, екипажот од мисијата сè уште се опоравува од условите во микрогравитација. Иако поминале речиси три недели од слетувањето, телото на астронаутите сè уште не е целосно адаптирано на нормалната гравитација.

Во видео кое се прошири на социјалните мрежи, Кристина Кох се гледа како има тешкотии при одење и одржување рамнотежа. Таа самата признава дека мозокот сè уште се обидува да „разбере“ што е горе, а што долу, поради промените предизвикани од престојот во вселената.

Таа објаснува дека причината е во таканаречениот вестибуларен систем – дел од телото кој му помага на мозокот да ја чувствува рамнотежата и движењето. Во услови на микрогравитација на Месечина и во вселената, овие сигнали речиси престануваат да функционираат нормално, па мозокот почнува да се потпира повеќе на видот за ориентација.

Како што нагласува астронаутката, по враќањето на Земјата, повторното прилагодување на гравитацијата е бавен процес. Дури и едноставни задачи како одење по права линија можат да станат предизвик, бидејќи телото повторно учи како да функционира во услови на силна гравитација.

Artemis II е историска мисија која го привлече вниманието на целиот свет, бидејќи е една од првите мисии по повеќе од половина век што ги однела луѓето толку далеку од Земја. Екипажот патувал околу 406.800 километри, што претставува најголемо растојание кое луѓе некогаш го поминале во вселенско патување.

Иако мисијата е успешна, научниците нагласуваат дека ваквите патувања имаат сериозни последици врз човечкото тело – од губење на мускулна маса и рамнотежа, до промени во нервниот систем и генетската експресија.

Овие податоци не служат само за идните мисии кон Месечина и пошироко, туку и за подобро разбирање на медицински состојби на Земјата, како вртоглавици и нарушувања на рамнотежата.

Мисијата отвора ново поглавје во истражувањето на вселената, но истовремено потсетува колку човечкото тело е чувствително кога ќе излезе надвор од природната средина на Земја.