ПРВ.мк

Новото истражување даде позитивни резултати: Ова може да биде лесно и евтино решение за еден од најголемите проблеми на Македонија

Новото истражување даде позитивни резултати: Ова може да биде лесно и евтино решение за еден од најголемите проблеми на Македонија
VERO Banner

Новото истражување даде позитивни резултати. Колку навистина лесно можеме да ги обновиме шумите?

Познато е дека не само Македонија, туку огромен број држави во светот имаат проблем со загадениот воздух. Дали обновувањето на шумите може да го подобри здравјето на еко-системот, но и квалитетот на воздухот, а со самото тоа, и здравјето на луѓето.

Повторното населување на волци во шкотската област Хајлендс би можело да допринесе за обновување на шумите кои годишно апсорбираат и до милион тони јаглерод диоксид, заклучија истражувачите во најновото истражување.

Како што се наведува во истражувањето на Универзитетот во Лидс, враќањето на волците во оваа област би можело да помогне во сузбивање на популацијата на црвениот елен кој се храни со млади дрвца, спречувајќи природно обновување на шумите, пренесува британски Гардијан.

Во моментов на ова подрачје во Шкотска живеат 167 волци, но зголемувањето на нивниот број би било доволно да се сузбие присуството на црвенот елен чија популација значително се проширила.

Како што велат научниците, тоа би можело да допринесе шумите на Обединетото Кралство да апсорбираат за 5% повеќе јаглерод диоксид, што би се мерело во милиони тони.

Авторот на истражувањето Доминик Спраклен вели дека мора да се истражи потенцијалната улога на природните процеси, како што е враќање на одредени видови животни, во обид да се поправат нарушените екосистеми. Откако волците се речиси истребени во Шкотска пред околу 250 години, популацијата на црвени елени немала природен непријател, па нивниот број во последниве 100 години нараснал на 400.000 единки.

Истражувачите велат дека во моментов само 4% од територијата на Шкотска е под шума, со што ја прави една од најмалку пошумените делови на Европа.

Истражувачите очекуваат и негативни реакции на своите предлози, посебно од фармери кои се грижат за својот сточен фонд, но истакнуваат дека мора да се земат во предвид бенефитите од предложените мерки.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран