ПРВ.мк
Наука/Технологија

Не можете да влезете на Фејсбук? Не сте единствени – еве што се случува

Не можете да влезете на Фејсбук? Не сте единствени – еве што се случува

Социјалната мрежа Фејсбук повторно се соочува со технички проблеми, поради што голем број корисници ширум светот во моментов не можат да пристапат до своите профили.

Проблемите најмногу се забележани кај десктоп-верзијата на платформата, а дел од корисниците пријавуваат потешкотии и со мобилната апликација.

При обид за најава, на корисниците им се појавува порака дека профилот е привремено недостапен поради проблем со страницата и дека се очекува дефектот наскоро да биде отстранет.

Според веб-страницата „Доундетектор“, првите пријави за прекин започнале околу 9 часот, а бројот на корисници кои пријавиле проблеми брзо се зголемил од повеќе земји.

Ова не е прв ваков глобален прекин на Фејсбук. Сличен проблем беше регистриран и на 12 јуни, кога платформата не функционираше на повеќе уреди.