Изумот кој би можел да го промени светот: Научниците тврдат дека во оваа јакна, секогаш ќе може да заспиете.
Во денешниот свет каде што се се движи со забрзано темпо, квалитетниот сон станува се поголем луксуз. Многумина се борат со несоницата, стресот и пореметениот ритам на спиење, барајќи решенија кои ќе им помогнат конечно добро да се наспијат. Јапонските дизајнери ја создадоа ZZZN Sleep Apparel System јакната за која тврдат дека ќе ви озможи да потонете во длабок сон било каде и било кога.
ZZZN јакната за спиење е повеќе од обично дневно парче гардероба. Како што се тврди, софистицираниот систем дизајниран за подобрување на квалитетот на сонот е инспириран од традиционални јапонски зимски покривачи наречени Јаги.
Овој изум комбинира удобност, технологија и иновативен дизајн за на корисниците да им овозможи оптимално искуство во текот на спиењето. Јакната е изработена од лесно, фотоелектрично влакно, што ја прави изненадувачки лесна паралелно на гломазниот изглед. На ракавите постојат регулари со кои можете да ја регулирате внатрешната температура на јакната, што е клучно за удобност во текот на спиењето во различни услови.
Единствениот систем за спиење се состои од три клучни елементи, јакна, SOXAI паметен прстен и капа.
Освен што овозможува топлина и удобност, јакната има и вградени слушалки во капата кои репродуцираат смирувачка музика со фрекфенции кои го поттикнуваат спиењето и ви помагаат да се опуштите. Исто така, репродуцираат пријатна мелодија за будење.

Идеална е за сите оние кои патат од несоница
SOXAI паметниот прстен ги следи биометриските податоци, вклучувајќи го нивото на стрес, отчукувањата на срцето и ритамот на спиење. Податоците се пренесуваат во апликација која ви озможува детално следење и анализа на вашиот сон.На предниот дел над капата се наоѓа светло кое ги менува боите од црвена во сина. Црвеното светло ви помага да заспиете, додека синото светло помага при нежното будење.
ZZZN системот користи напредна технологија за следење и подобрување на сонот, која во комбинација со принципите на длабока бранова стимулација, овозможува чувство на сигурност и смиреност. Идеална е за сите кои имаат проблеми со спиење, без оглед на причината. Без разлика дали се работи за стрес, несоница, пореметување на спиењето или едноставно желба за подобар квалитет на сонот, овој систем го има решението за вас.
Ова претставува интересен концепт во светот на технологијата за спиење. Комбинирајќи удобност, иновативен дизајн и напредна технологија, овој систем ветува дека ќе го трансформира начинот на кој спиеме. Иако својата премиера ќе ја има дури на Expo 2025 во Осака, ZZZN јакната уште сега привлекува огромно внимание и буди надеж за подобар сон за сите.