ПРВ.мк
Наука/Технологија

НАСА ја враќа човековата мисија кон Месечината: Артемис II отвора нова ера по половина век

НАСА ја враќа човековата мисија кон Месечината: Артемис II отвора нова ера по половина век
Kristal

НАСА се подготвува за историската мисија „Артемис II“, која ќе биде прв човечки лет околу Месечината по повеќе од 50 години. Четворица астронаути треба да полетаат на околу десетдневно патување околу далечната страна на Месечината и назад, со што ќе се отвори патот за идните мисии со слетување на месечевата површина. НАСА наведува дека „Артемис II“ е првиот екипиран тест-лет на системите SLS и „Орион“, а мисијата во моментов е насочена кон лансирање не порано од април 2026 година.

Иако претходно се споменуваше можност за лансирање на 6 март, НАСА во меѓувреме ја врати ракетата и вселенското летало од лансирната рампа во монтажната зграда поради потреба од дополнителни проверки и отстранување проблем со проток на хелиум кон горниот степен на ракетата. Самата агенција соопшти дека таквиот потег практично ја исклучува мартовската можност и остава простор мисијата да се реализира во април, доколку сè оди според планот.

Екипажот на „Артемис II“ го сочинуваат астронаутите Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен од Канада. Тие ќе патуваат во капсулата „Орион“, сместена на врвот на моќната ракета SLS, и ќе минат околу четири дена на пат до Месечината, пред да ја обиколат и да се вратат кон Земјата. Мисијата треба да заврши со спуштање во Тихиот Океан.

„Артемис II“ се смета за клучен чекор во американското враќање на Месечината и подготовка за следните, уште поамбициозни мисии.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo