ПРВ.мк
Наука/Технологија

МАКЕДОНИЈА СЛАВИ НОВ МАТЕМАТИЧКИ ГЕНИЈ: Со злато ја освои светската елита - еве кое е момчето што не прослави!

МАКЕДОНИЈА СЛАВИ НОВ МАТЕМАТИЧКИ ГЕНИЈ: Со злато ја освои светската елита - еве кое е момчето што не прослави!

Македонскиот математичар Дамјан Давков освои златен медал на 67. Интернационална математичка олимпијада (ИМО), која годинава се одржува во Шангај, Кина, потврдувајќи го својот статус како еден од најдобрите млади математичари во светот.

Со ова, Давков го освои својот трет златен медал на најпрестижното светско натпреварување по математика, по претходните злата во Јапонија (2023) и Бат, Англија (2024). Во својата досегашна олимписка кариера има освоено и три сребрени медали.

Успешен настап во Шангај имаа и останатите членови на македонската репрезентација. Со бронзени медали се закитија Ивано Божиновски, Леонид Тодороски и Андреј Тасиќ.

Пофалница за својот настап доби Филип Калкашлиев, додека дел од македонскиот тим беше и Марко Митевски, кој достојно ја претстави земјата на престижното натпреварување.

Овој резултат претставува уште еден значаен успех за македонската математика и потврда за талентот и квалитетот на младите македонски математичари на меѓународната сцена.