Платформата „Чет-ГПТ“ постигна огромен успех, достигнувајќи 200 милиони претплатници само две години по своето лансирање, а до 2024 година бројот на активни корисници се удвои за само неколку месеци. Според податоци од „Опен АИ“, „Чет-ГПТ“ сега има 400 милиони корисници неделно.
За да го продолжи ова брзо шириње, компанијата развива две нови верзии: „ГПТ-4,5“ и „ГПТ-5“. Овие нови модели ќе понудат побрзи, попрецизни и поприродни одговори, а „Опен АИ“ се стреми да го поедностави корисничкото искуство. Корисниците повеќе нема да мора да избираат помеѓу различни модели, бидејќи алатката ќе се приспособува автоматски.
Дополнително, компанијата работи на проширување на пристапот до својата вештачка интелигенција, и се очекува дека „ГПТ-5“ ќе биде достапен за сите корисници бесплатно во блиска иднина.