ПРВ.мк
Наука/Технологија

(ВИДЕО) Кавадарци воведе AI асистент – граѓаните ќе добиваат информации 24 часа дневно

(ВИДЕО) Кавадарци воведе AI асистент – граѓаните ќе добиваат информации 24 часа дневно

Општина Кавадарци направи значаен чекор во процесот на дигитализација, воведувајќи нов дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, кој ќе им овозможи на граѓаните брз и едноставен пристап до информации во секое време од денот. Новата услуга е достапна преку официјалната веб-страница на општината и има за цел да ја подобри комуникацијата меѓу локалната самоуправа и граѓаните.

Дигиталниот асистент е дизајниран да одговара на прашања поврзани со административните постапки, општинските услуги, тековните проекти, јавните повици и другите активности на Општина Кавадарци. Граѓаните ќе можат да добијат потребни информации брзо и без временски ограничувања, без потреба од телефонски повици или лично посетување на општинските служби.

Со ова решение, Општина Кавадарци продолжува да инвестира во современи технологии кои овозможуваат поефикасно функционирање на локалната администрација и поквалитетни услуги за граѓаните.

Новиот AI сервис е резултат на соработката меѓу ИТ-одделението на Општина Кавадарци и компанијата Tivius, која преку донаторски договор го овозможи развојот и имплементацијата на дигиталниот асистент. Од општината изразија благодарност до компанијата и нејзиниот тим за поддршката во реализацијата на овој проект.

ВИДЕО

Локалната самоуправа најавува дека и во иднина ќе продолжи со воведување на дигитални решенија, со цел да се подобри ефикасноста, транспарентноста и достапноста на услугите, следејќи ги современите европски стандарди за работа со граѓаните.