Корисниците на Android 16 сега имаат можност за прв пат да ја испробаат новата функција додека ја користат апликацијата Google Maps, бидејќи токму оваа апликација е првата која ја користи функцијата Live Updates.
Оваа функција овозможува корисниците да добиваат ажурирани информации во статус барот, што им го олеснува следење на упатствата на мапите.
Слично на Apple системот за Live Activities, функцијата на Android може да се користи во различни апликации, но во моментов е имплементирана само во Google Maps.
„Live Updates се нов вид на известувања кои им помагаат на корисниците да ги следат и брзо да пристапат до важни тековни активности“, објасниле програмерите на Android во постот каде што првпат беше претставена оваа функција.
Сега, употребата на Live Updates беше забележана во Android 16 Beta 2.1 верзијата, јавува Android Authority.
Кога ги следите упатствата преку апликацијата Google Maps, во статус барот на Android ќе се појави индикатор со информации за времето до следното завртување и проценето време на пристигнување. Ако повлечете одозгора известувањата, ќе видите повеќе детали.
Доколкку не сакате да имате информации во живо во известувањата, постои и опција да ја исклучите оваа функција. Во делот за поставки на известувањата за Maps постои опција „Прикажи информации во живо“, каде што можете да ја исклучите.
Засега оваа функција е достапна само во бета верзијата на Android 16. Сепак, се очекува дека во иднина многу апликации ќе ја користат оава функција, особено кога ќе излезе Android 16, кој се очекува да биде достапен во текот на летото.