ПРВ.мк
Наука/Технологија

Германија со амбициозен план – До 2030 година 10% од економијата ќе биде движена од вештачка интелигенција!

Германија со амбициозен план – До 2030 година 10% од економијата ќе биде движена од вештачка интелигенција!
Escape

Германската влада подготвува револуционерна стратегија која има цел до крајот на деценијава една десетина од целиот БДП да биде базиран на вештачка интелигенција (AI).

Ова е дел од нацрт-документ до кој дојде Ројтерс, а кој треба официјално да биде усвоен до крајот на јули.

„Со силна офанзива во областа на вештачката интелигенција, сакаме да достигнеме 10% од БДП до 2030 година и AI да стане **клучна алатка во најважните научни и индустриски сектори“, се наведува во стратегијата.

Целта е да се фати чекор со САД и Кина, кои моментално доминираат во развојот на AI и квантни технологии.

Ова е дел од поширока агенда на Берлин за дигитална трансформација и јакнење на технолошката самостојност на Европа.

Ако стратегијата се реализира, Германија ќе стане европски лидер во AI индустријата, со масивни инвестиции во истражување, развој и примена на вештачка интелигенција во реалниот сектор.

Mia Home Mavrovo