ПРВ.мк
Наука/Технологија

ЕДВАЈ ЧЕКААТ ДА ГО СПОДЕЛАТ СО СВЕТОТ: Астронаутите од „Артемис 2“ се враќаат на Земјата!

ЕДВАЈ ЧЕКААТ ДА ГО СПОДЕЛАТ СО СВЕТОТ: Астронаутите од „Артемис 2“ се враќаат на Земјата!

Четворицата астронаути од десетдневната мисија „Артемис 2“ изјавија дека имаат многу фотографии и приказни од патувањето околу Месечината, додека се подготвуваат за своето враќање на Земјата. Прес-конференцијата одржана од вселената се случи пред нивното слетување покрај брегот на Сан Диего, Калифорнија, што се очекува на 11 април околу еден часот по средноевропско време.

„Едвај чекаме да го споделиме со светот она што го видовме“, изјави единствениот Канаѓанец во екипажот, Виктор Гловер.

Покрај тоа што Гловер и Американците Рид Вајзмен, Џереми Хансен и Кристина Кох станаа првите луѓе кои ја прелетаа далечната страна на Месечината, тие исто така отидоа подалеку во вселената од сите претходни мисии.

„Мораме да се вратиме. Има многу податоци што веќе сте ги виделе, но сите добри работи се враќаат со нас. Имаме уште многу слики и приказни. Ќе размислувам и ќе зборувам за ова до крајот на мојот живот“, рече Гловер.

За него, „најголемиот подарок“ од мисијата беше гледањето на затемнувањето на Сонцето од другата страна на Месечината, додека заповедникот на мисијата, Рид Вајзмен, кажа дека негов врвен момент беше именувањето на нов лунарен кратер по неговата покојна сопруга Керол, која почина од рак во 2020 година.

„Кога Џереми го напиша името на Керол, бев преплавен од емоции и ја видов Кристина како плаче“, рече Вајзмен.

Мисијата „Артемис 2“ не слета на површината на Месечината – тоа се планира со мисијата „Артемис 4“ во 2028 година. Американците се во трка со времето со Кина, која планира првпат да испрати луѓе на Месечината во 2030 година.

Најнови вести