ПРВ.мк
Македонија

Во Кавадарци Велики четврток одбележан со вапцање јајца со природни материјали

Во Кавадарци Велики четврток одбележан со вапцање јајца со природни материјали

По повод Велики четврток, денот кога традиционално со посебно внимание се вапцуваат велигденските јајца, во Кавадарци беше реализирана уште една убава празнична активност во духот на традицијата и креативноста.

Винскиот музеј за регион Тиквеш – Кавадарци, во соработка со Општина Кавадарци и во рамки на Велигденската програма, организираше вапцање јајца со природни материјали. Преку оваа активност беше покажано дека природата нуди богатство од бои и можности, создавајќи уникатни и впечатливи велигденски јајца на еден автентичен и еколошки начин.

Настанот донесе празнична атмосфера, потсетувајќи на значењето на обичаите кои се пренесуваат од генерација на генерација, но и на убавината на едноставните традиционални вредности.