Владата на Република Македонија на својата 162. седница, одржана на 7 април 2026 година, ја разгледа и усвои информацијата за вкупниот извештај на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штета од природни непогоди и други несреќи, при што беше донесен и заклучок што директно се однесува на Општина Кавадарци.
Согласно одлуката, за штетите предизвикани од природната непогода мраз што го зафати регионот на 19 и 20 март 2025 година, на Општина Кавадарци ќе ѝ биде обезбедена парична помош од Буџетот на Република Македонија во висина од 5 проценти од вкупно проценетата штета, која изнесува 76.055.960 денари.
Од Општината информираат дека сите засегнати граѓани и субјекти кои имаат доставено соодветна документација, финансиската помош ќе ја добијат на сметките што претходно ги имаат поднесено во Општина Кавадарци.
Оваа одлука претставува важен чекор кон ублажување на последиците од мразот што предизвика значителни штети, особено кај земјоделските производители, и е дел од институционалната поддршка за надминување на последиците од природните непогоди.










